Македонија
19. March 2018 - 10:55

Пожар во викендичка во селото Прилепец

Во викенд куќа сопственост на П.Р. во прилепското село Прилепец, на патот кон Градско, синоќа околу 22:30 часот било пријавено дека избувнал пожар.

Екипа од Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот ноќеска, триесет минути по полноќ.

Во пожарот нема повредени лица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.