Македонија
29. October 2019 - 15:52

Пожар во викендица на пат кон село Ресава кај Тиквешко Езеро

Пожар избувна во подрумските простории на викендица на пат кон село Ресава кај Тиквешко Езеро.

Александар Чадамов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, за МИА вели дека вложувaаат максимални напори огнот да не се прошири и на останатиот дел од објектот. На терен се четворица пожарникари и две противпожарни возила.