Балкан
6. December 2016 - 12:22

Пожар во текстилна фабрика во Атина

Повеќе од 20 пожарникари претпладнево се обидуваат да изгаснат голем пожар во текстилна фабрика во Ренти, во близина на центарот на Атина.

Поради локацијата на фабриката, која се наоѓа на агол на две многу проментни улици, полицијата ги затвори улиците и го пренасичува сообраќајот.

Овој дел на градот е преполн со магацини, канцеларии и производствени погони, и пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот пред да се рашири.