Македонија
1. August 2015 - 18:58

Пожар во Струмица, изгоре отпад - пожарникарите уште гаснат

Страшен пожар избувна, попладнево, во склад за стари материјали и железо, на транзинтниот пат, во Струмица, објави Нова Македонија.

Од огнот, зафатена е поголема површина од складот, при што горат неколку стари автомобили, гуми и други материјали, кои тешко се гасат. Екипи на Противпожарната единица од Струмица, се уште се на терен и се обидуваат пожарот да го стават под контрола.

Според, вработените од Противпожарната единица во Струмица, во телефонски разговор, ни рекоа дека пожарот трае веќе два часа и се уште се интервенира за да не се прошири. Пожарот избувнал во 16 часот и 15 минути, а по дојава на сопствениците на складот, екипите на противпожарната единица веднаш се упатиле на местото на пожарот. Досега, интервенирано е со три противпожарни возила и околу 16 пожарникари.

- Заради поголемат запаливост на материјалите, се уште се гасат одредени делови - велат од пожарната единица.

Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.