Македонија
24. May 2019 - 16:06

Пожар во стан во „Убавиците“ во Карпош 4

Соседите во една од кулите близначки во скопски Карпош 4 му го спасиле животот на 58 годишниот маж во чиј стан утринава изби пожар. По огнот од домот останаа пеплосаната покуќнина и задимените простории.

Повиците за помош соседите ги слушнале околу 10 часот утринава и веднаш притрчале на 17тиот кат.

Најголем дел од станарите беа евакуирани додека траеше акцијата на против пожарните служби.

Наместо да изелзе викал помош преку терасата

Сопственикот на станот е задржан на токсикологија, без изгореници, но се вдишано поголемо количество на чад.

На пожарникарите им биле потребни 40тина минути за да го локализираат пожарот. Нивните претпоставкис е дека огнот избувнал од кујната каде станарот имал плинска боца за готвење.Интервенцијата била отежната поради нефункционалните против пожарни скали во зградата.

Увидот на полицијата треба да покаже што е точната причина за пожарот во оваа скопска зграда.

 „Увид ќе се врши во текот на денот кога ќе се утврди дека се исполнети условите за увид, по што дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот”, ВЕЛАТ од МВР.