Македонија
21. December 2016 - 13:41

Пожар во стан во Скопје - почина жена

Драма во Скопје во еден по полноќ, жена изгоре во пожaр во својот стан. Од полицијата денеска информираат дека во 1 часот и 20 минути било пријавено дека на улицата „Н.Тримпаре“ во Скопје каде бил опожарен стан, починала 82-годишната С.Г.

За жал, несреќната жена починала на лице место и и немало спас, информираат од полицијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт од задушување од чад, а пожарот бил предизивикан најверојатно од електрична греалка.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството за погреб.