Македонија
15. August 2017 - 9:29

Пожар во стан во Кавадарци

Во стан во новиот центар на Кавадарци изминатава ноќ околу полноќ избувнал пожар, во кој нема повредни лица. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски утрово информираше дека интервенирале со две противпожарни возила и тројца пожарникари. 

- Успеавме да не дозволиме пожарот да се прошири и на останатите станови од колективната станбена зграда, рече тој.

Апелираше да се внимава кога на еден штекер се приклучуваат повеќе електрични апарати.

Дополнително ќе се знаат причините за пожарот и висината на материјалната штета во станот