Македонија
8. April 2020 - 17:08

Пожар во стан на булевар „Трета МУБ“ во Куманово

Пожар избувна во еден стан во зграда лоцирана на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“  во Куманово.

Од територијалната противпожарната единица од Куманово информираат дека пожарот кај нив бил пријавен во 15:55 часот.

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на терен се две противпожарни единици со десет пожарникари кои во моментов го гасат пожарот.

Од Итна помош во Куманово потврдија дека нивна екипа, исто така е на местото на настанот.