Македонија
19. July 2018 - 11:53

Пожар во скопско Арачиново

Избувнал пожар во семејна куќа во скопско Арачиново. Според нинформациите на полицијата, вчера во 08,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во село Арачиново на улица „14“ избувнал пожар во куќа сопственост на A.И.(41)  од село Арачиново, при што опожарен бил вториот кат, кровната конструкција и дел од првиот кат. Повредени лица нема. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита  пожарот бил изгаснат.

На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници и се работи на целосно расчистување на случајот.