Македонија
16. January 2017 - 16:43

Пожар во Штип, изгоре семејна куќа на 7-члено семејство

Седумчлено семејство од Штип остана без кров над глава, откако вчера рано наутро пожар им го пеплоса домот. Огнот избувнал околу 4 часот од краток спој во електрично грејуно тело, во момент кога сите членови на семејството спиеле.

Панелот се запали и додека да се освестиме се запали целата куќа- изјави Ѓунеј Демиров, споственик на куќата

40 годишниот Демиров, кој живее со својата сопруга двете деца, бабата и внукот, вели дека никогаш не барал помош, ниту е примател на социјален надомест, меѓутоа сега се во многу незавидна положба, зашто им изгоре целиот ентериер. Во моментот живеат во шупата која за среќа не била зафтена со огнот, а останаа и без струја и храна за децата.

Можеме во секој момент од свеќите пак да се запалиме. Значи ни требаат храна, блокови, материјали, пари, не знам, каква било помош, за да можеме да се згрижиме некако- додаде Демиров

Помош за децата, што се може, да не се боси и гладни-изјави Павлина Арсова, баба

Истата вечер изгоре и просторија во поранешното нервно одделение, каде привремено претстојуваат неколку семејства од ромска нацаионалност.