Македонија
26. April 2018 - 12:36

Пожар во село Лева Река, опожарена борова и дабова шума

Спој на електричен кабел вчера околу 16 часот предизвикал пожар на непристапен терен во атарот на ресенското село Лева Река. Огнот опожарил борова и дабова шума, а пожарот се ширел кон село Кривени, информираат од МВР.

Пожарот е се уште активен, а на место се излезени екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дел од месното население.

Се преземаат мерки за гаснење на пожарот, за што е информирана и Дирекцијата за заштита и спасување.