Свет
26. April 2018 - 14:13

Пожар во седиштето на УБС во Цирих

Пожар денеска изби во седиштето на швајцарската банка УБС во центарот на Цирих.

Зградата се реновира, и се претпоставува дека пожарот избил при вршењето на градежните работи. Седум лица биле прегледани по пожарот, но нема информации за посериозни здравствени проблеми.