Свет
31. October 2016 - 10:37

Пожар во рафинеријата „Петролеос“ во Венецуела

Голем пожар избувна синоќа во рафинерија за нафта во градот Порто Ла Круз во северозападниот дел на Венецуела, поради што луѓето кои живеат во непосредна близина морале да ги напуштат своите домови, соопшти државната нафтена компанија.

Венецуелскиот „Петролеос“ порача на социјалната мрежа Твитер дека состојбата во рафинеријата е под контрола.

- Никој не е повреден и нафтените постројки не се оштетени, наведува компанијата, повикувајќи ги жителите да „останат присебни“.

Според локалните медиуми, властите ја евакуирале и болницата во близина на рафинеријата и ги префрлиле луѓето на безбедно место.