-->
-->
Пожар во прилепско: Две лица се здобија со изгореници, а куќата изгоре
-->
Во с.Десово-прилепско, во куќата сопственост на А.С.(63), вчера настанал пожар.
Во моментот кога неговата сопруга З.С.(60), се обидела да го запали горилникот за готвење на плинска боца која се наоѓала во кујната, по што пламенот ја зафатил завесата. Во тој момент, истата врз огнот фрлила ќебе, но огнот се проширил по целата просторија во која изгорела целата покуќнина.
Од страна на лицето Ш.С.(37) боцата била исфрлена надвор од просторијата, при што истата се здобила со изгореници во пределот на десната страна на лицето, додека З.С. се здобила со изгореници во пределот на лицето и левата подлактица.
Од страна на екипа на пожарникарите пожарот е изгаснат. Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност