Македонија
4. August 2019 - 21:30

Пожар во „папагал“ зградата во центарот на Скопје

Во станбена зграда во центарот на Скопје, позната како „папагал“ зградата на булеварот Свети Климент Охридски, вечерва изби пожар.

Од Скопската противпожарна бригада информираат дека пожарот е ставен под контрола. Засега нема информации дали има повредени во пожарот, а неофицијално, причина е плиснка боца.

Сообраќајот во тој дел од градот беше блокиран додека пожарникарите се бореа со пламените јазици.