Македонија
28. February 2020 - 15:15

Пожар во Охрид

Вчера во 12,20 часот во СВР Охрид од ТППЕ Охрид, бил пријавен пожар во помошна просторија на ул.„Живко Чинго“. Од полициски службеници од СВР-Охрид излезено било на местото на настанот при што било констатирано дека дошло до пожар во помошна просторија која се наоѓала позади куќата сопственост на М.В.(55), кој настанал најверојатно поради краток спој на електричната инсталација.

При пожарот целосно изгорело товарно моторно возило „опел виваро“ со охридски регистарски ознаки, кое било паркирано позади куќата. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ-Охрид.