Македонија
15. October 2016 - 12:51

Пожар во објектот на Општина Тетово

На 14.10.2016 година околу 10,30 часот во Тетово во кругот на објектот на Општина Тетово, во котларата за затоплување на административната зграда на општината, настанал пожар во кој целосно била опожарена котларата. Во внатрешноста имало двата котли со бренери кои не биле во функција, електрична инсталација, еден компресор за воздух, две моторни косилки и друга опрема. Во пожарот делумно била зафатена куќата на Р.А.(73). Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Се работи на целосно расчистување на случајот.