Свет
27. November 2016 - 10:45

Пожар во ноќен клуб во Украина, 22 повредени

Дваесет и две лица се повредени во пожар во ноќен клуб во западниот украински град Лавов.

– Кога спасувачи пристигнале на местото виделе дека пожарот зафатил 50 квадратни метри. Веднаш е донесена одлука да се евакуираат посетителите. Вкупно 250 луѓе се евакуирани, објавено е на сајтот на регионалните власти. 

Од евакуираните, 22 лица побарале лекарска помош, 14 се хоспитлаизирани од кои двајца се во тешка здравствена состојба. Пожарот е изгаснат, а засега нема информации за причината.