Македонија
21. November 2015 - 17:19

Пожар во напуштен објект во населбата Карпош во Куманово

Две противпожарни возила и шест пожарникари работат на целосно локализирање на пожарот на напуштен објект лоциран во  кумановската населба „Карпош“.
 
Пожарот, јави дописникот на МИА, избувнал неколку минути пред 15 часот, при што веднаш била повикна протвипожарната единица  Куманово која веднаш пристигнала на опожарениот објект.
 
Пожарникарите од ТППЕ Куманово, изјавија дека кога пристигнале на местото, објектот бил во пламен.
 
-Се работи за објект кој е напуштен, но изграден од горливи материи дрво, а во него имаше складирано слама. Кога пристигнавме објектот беше во пламен и можам да кажам дека целосно е изгорен, изјави Чедомир Кипријановиќ, командир на одделение од ТППЕ Куманово.
 
Увид на местото врши и екипа на СВР Куманово.