Македонија
18. March 2019 - 13:54

Пожар во Маркова Сушица, опожарена викендичка

Пожар во моментов е активен во Маркова Сушица, на патот од Марков манастир кон Добри дол.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека на терен се испратени две противпожарни екипи, а ќе биде испратено уште едно возило.

Според информациите од терен изгорена е една викендичка, а од пожарот зафатени се и бандери на ЕВН Македонија.