Македонија
25. March 2018 - 13:43

Пожар во куќа во Скопје

Вчера во 21.50 часот настанал пожар во куќата на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, сопственост на Н.К. (56) од Скопје.

 Со пожарот бил зафатен плафонот и гардероба која била оставена во купатилото.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран.

Повредени лица нема. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.