Loading Video...
Свет
14. November 2021 - 19:39

Пожар во ковид одделение во Бугарија – тројца пациенти загинаа

Пожар избувна ноќеска во ковид  одделението  во болницата Хаџи Димитров во бугарскиот град Сливен, при што загинаа тројца пациенти. Жртвите лежеле во иста соба а  причина за пожарот е запалена цигара од еден од пациентите соопшти раководството на болницата. Еден од пациентите  запалил цигара, концентрацијата на кислород во собата била голема, собата била затворена, избувнал пожар“, изјави  директорот  на болницата Пенко ПЕнков и додаде дека благодарение на брзата интервенција на пожарникарите  спречена е поголема трагедија