-->
-->
Пожар во комуналното претпријатие во Кочани, оштетени четири возила
-->
– Во пожар што избувна вечерва во стопанскиот двор на комуналното претпријатие „Водовод“ во Кочани оштетени се четири возила за собирање отпад и за други намени.
Огнот бил забележан од дежурните работници во претпријатието по што веднаш била повикани екипи на Територијалната противпожарна единица кои успеале за краток период да го локализираат и да го стават под контрола. Сепак, според првичните согледувања направена е сериозна материјална штета, а едно возило е скоро целосно изгорено.
Увид на местот на настанот прави екипа од МВР и судија на претходна постапка за да се утврдат причините за пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска