Пожар во кочанското село Костин Дол
Кочанската територијална противпожарна единица денеска излезе со информација за големиот шумски пожар кој вчера попладе го зафати атарот на село Костин Дол, Кочанско.
- По дојава за пожар во 15.22 часот во планинскиот терен на Осоговијата кај селото Костин Дол, наша екипа со две возила и пет пожарникари учествуваше во неговото гаснење. Во пожарот беа зафатени над 60 хектари дабова шума и смрека како и 40-ина родни дрвца од овоштарник. Бидејќи се работи за планински терен во Осоговијата, пожарот го локализиравме доцна во ноќта, некаде по 22 часот и 30 минути. Според првичните проценки, направена е голема материјална штета која допрва ќе се проценува, изјави Даме Јакимов, дежурен пожарникар во Кочанската противпожарна единица.
Јакимов истакна дека во гаснењето на пожарот учествувале и десетина жители од село Костин Дол. За причините за настанување на пожарот се очекува официјално соопштение од недлежните органи.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи