Македонија
7. January 2019 - 12:51

Пожар во казиното Сенатор во центарот на Скопје

Спој во електричната инсталација, кој се случил во моментите кога слот апаратите биле вклучени, е причината за избувнување на пожарот во казиното сенатор во центарот на Скопје. Од пламенот биле зафатени биле два монитори од слот апаратите кои биле поставени во казиното.

Со две противпожарни возила и 5 пожарникари во гасењето на пожарот интервенирале од противпожарната бригада на Град Скопје. Констатирана е мала материјална штета.