Македонија
9. August 2018 - 10:26

Пожар во Инџиково

Вчера во 13.45 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.Ф. (64) од с.Инџиково, скопско, пријавил дека истиот ден околу 13.20 часот, најверојатно од страна на непознат сторител бил предизвикан пожар на околу 1500 бали детелина и слама во дворното место од неговата куќа во с.Инџиково.

Пожарот се проширил и на другата локација каде била опожарена слама.

Повредени лица нема, а причинета е материјална штета.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.