Свет
19. January 2016 - 9:36

Пожар во хотелот Риц во Париз

Во парискиот хотел Риц, кој во моментов се обновува, изутринава избувна пожар, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според пожарникарите од Париз, кои интервенираа во 6 часот изутринава, од пожарот е зафатен последниот спрат на хотелот, при што нема жртви, но површината опфатена од пожарот е голема.

Хотелот Риц, кој се наоѓа во центарот на Париз на плоштадот Ванодм, во моментов се обновува и нема гости. Затворен во 2012 година, првите гости требаше да ги прими во март годинава, но по денешниот пожар, сигурно е дека отворањето ќе биде одложено.