Македонија
1. March 2021 - 14:29

Пожар во хотел во Радожда, изгореле три соби и кровот

Во хотелско-сместувачки комплекс во струшкото село Радожда, вчера во пожар изгорела кровната конструкција и целокупниот инвентар во три хотелски соби од комлексот.

СВР Охрид денеска соопшти дека пожарот избувнал околу 13 часот во комплекс, сопственост на А.Ш.(47) од селото Радожда.

– Во гасењето на пожарот, најнапред интервенирало месното население, а по кратко време и Територијалната против пожарна единица од Струга, која целосно го изгаснала пожарот и спречила негово натамошно ширење, информира полицијата.