Пожар во германскиот тематски парк „Европа“ | Сител Телевизија
Свет
27. May 2018 - 9:35

Пожар во германскиот тематски парк „Европа“

Голем пожар избувна синоќа во познатиот темаксти парк „Европа“ во германскиот град Руст.

Во пожарот изгореле неколку тематски содржини и едно складиште, но нема жртви или повредени лица.

На пожарникарите им требале неколку часа за да го изгаснат огнот.

Веднаш по избувнувањето на пожарот, сите посетители на паркот биле евакуирани. Се претпоставува дека во тоа време во комплексот имало околу 23.000 лица.

Причините за пожарот, што започнал во тематската содржина „Пиратска пештера“, засега не се познати.

„Европа“ е втор најпознат тематски парк на европскиот континент, по „Дизниленд“ во Париз.