Македонија
29. April 2017 - 13:19

Пожар во Генералштабот на АРМ - Нема повредени лица

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот во полиција било пријавено дека на улицата „Орце Николов“, во објектот на Министерство за Одбрана и Генералштабот на АРМ, поради дефект во електрична инсталација во зградата настанал пожар, при што бил зафатен и дел од покривната конструкција. Пожарот бил изгаснат од противпожарната екипа.
 
Повредени лица нема, а материјална штета дополнително ќе биде утврдена.