Македонија
1. September 2019 - 18:03

Пожар во фабрика во Виница - повредени нема

На 01.09.2019 во 03.30 часот било пријавено дека во Виница на бул.„Маршал Тито“ настанал пожар во силос во фабрика. Од екипи на Територијалните противпожарни единици Виница и Кочани се преземаат мерки за гаснење на пожарот. Повредени лица нема.