Македонија
28. April 2017 - 14:56

Пожар во две бачила на Шар Планина

Во две бачила на планинските предели на Шар Планина, на местото „Плоча“, атар на тетовското село Сетоле, вчера пред 6 часот од засега непознати причини настанал пожар во две бачила, соопшти полицијата.

Едното, по основ на договор го користел Н.М. (37) од тетовското село Порој, а другото бачило, кое било на оддалеченост од околу 200 метри од првото бачило е сопственост на А.С. (33) од село Џепчиште, тетовско.

Од пожарот била опожарена внатрешноста на бачилата. Пожарот се изгаснал сам. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.