Македонија
14. December 2016 - 9:14

Пожар во Демир Капија изгореле кат и покрив од куќа, повредени нема

Горниот кат и покривот од куќа на улица „Маршал Тито” во Демир Капија изгореле во пожар што избувнал синоќа околу 19 часот. Како што информираше утрово командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино Илчо Богевски, пламените јазици биле локализирани во 22 :30 часот. Повредени лица нема.

- Интервениравме веднаш штом ја добивме пријавата за пожар. Сторивме се што можевме, во гаснењето учествувавме со две противпожарни возила и шест пожарникари, соопшти Богевски.

Сопствениците на индивидуалниот станбен објект кој горел биле на работа во Италија, на лице место биле нивни блиски.