Македонија
1. November 2018 - 16:11

Пожар во дел од Детската болница Козле

Аспиратор во тоалет причина за пожарот кој ги вознемири пациентите и вработените во болницата во Козле. По вклучување на алармот, лекарите и сестрите  веднаш ги префрлиле во други соби 6-те деца кои биле хоспитализирани во одделот каде дошло до топење на инсталацијата во една од просториите. Од скопската противпожарна бригада интервенирале со две возила и 5 пожарникари.

-Пожар немаше, беше запалена само ако може така да кажам инсталација во еден од тоалетите и тоа во Д1 одделот каде имаме актуна патологија и најголем наплив овој период, вели др. Ангелчо Андоновски, директор на болницата во Козле.

Доктор Андоновски вели дека нема простор за паника бидејќи нема повредени лица и сите пациенти биле бесзбедни. Но се сомнева во квалитетот на инсталацијата во болницата, која беше отворена пред повеќе од две години.

-Оваа болница е пуштена пред 2,5 години и нам сега ни останува да побараме проверка на инсталацијата која се соменваме дека не е како што треба, вели Андоновски.

Увид во установата направиле и претставници од министерството за здравство, од каде попладнево реагираа дека од болницата ги презеле сите мерки согласно протоколите.

Стенд -По интервенцијата на противпожарната бригада, сега во болницата во Козле има електричари кои ќе ја проверуваат инсталацијата.

Менаџментот во болницата допрва ќе ја утврдува материјалната штета предизвикана со денешниот инцидент.