Македонија
14. August 2019 - 19:15

Пожар во Дебарца

Пожарот во атарот на селотот Велмеј повторно активен.Откако вчера беше ставен под контрола, денеска поради топлото време повторно се разгоре. Пожарникарите се борат со пламените јазици кои ја зафатија општина Дебарца а  во гаснењето учествуваат и посебните авиони на ДЗС , кои истураат вода на зафатените шумски појаси,вработените во Македонски шуми и селаните.Мештаните се вознемирени и бараат помош за гаснење на пожарот кој како што велат демнее над нивните куќи.Градоначалникот на Дебарца Ногачески за Сител  во телефонска изјава вели  дека нема опасност од ширење на пожарот и дека состојбата будно се следи.

Условите за гасење се исклучително тешки бидејќи станува збор за непристапен терен а поради виските температури огнената стихија зема замав.

Причината за избувнувањето на пожарот  најверојатно е човечки фактор. Инаку според првичните проценки

со пожарот опфатени се околу 70 хектари шума.