Македонија
24. January 2021 - 19:23

Пожар во ЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга

 Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ноќеска избувнал пожар, во кој е предизвикана материјална штета, но нема повредени, соопшти СВР Охрид. Пожарот, според информацијата, бил пријавен во 1 часот и 40 минути во Струшката полиција.

– По извршен увид, констатирано е дека пожарот, во кој нема повредени лица, се појавил на помошна влезна врата и е изгаснат со брза интервенција на Територијалната противпожарна едниница од Струга, изјави денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Струшката пожарна интервенирала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари .

– За кратко пожарот е ставен под контрола, а за околу половина час целосно ликвидиран. Предизвикана е помала материјална штета, потврдија за МИА од ТППЕ Струга.

Полицијата направила увид, се работи на утврдување на причините од кои е предизвикан пожарот.