Балкан
7. December 2016 - 17:59

Пожар во центарот на градот: Гори хотел Метропол во Белград

Во хотелот Метропол на булеварот Крал Александар во Белград, околу 16:30 часот избил пожар. Од објектот излегува густ чад, а како што пренесува српски Блиц, пламенот е во помалата зграда, каде што се наоѓаат магацините, а не во поголемиот објект каде што се наоѓаат собите за гостите. Сепак, превентивно, сите гости и работници се евакуирани од хотелот.

Првите екипи на противпожарната единица веќе влегле во зградата, а нови и понатаму пристигнуваат.

- На булеварот моментално ништо не се гледа од чад, вели жителка која живее спроти Метропол.