Македонија
22. November 2019 - 16:39

Пожар во барака во Петровец, десет семејства останаа на улица

Будење во паника и трка за спас. Стравично утро за десет фамилии во општина Петровец кои останаа без дом, откако пожар ја уништи бараката во која живееја.

Импровизираниот објект кој бил надоградуван во последниве 30 години пламнал многу бргу, а уште побрзата реакција на луѓето внатре, овозможило несреќата да помине без повредени лица.

На десетте фамилии сега им се заканува зима без покрив. Локалните власти со ветување дека ќе сторат се што е во нивна моќ тоа да не се случи.

Брзата интервенција на скопската пожарна спречила стихијата да се прошири на околните куќи. Интервенирано е со шест возила и 15 пожарникари, а според првичните информации, пожарот бил предизвикан од електрична инсталација.

Пожарот се случил во Бошњачката населба во Петровец и е трет кој се случува во оваа општина во последните два месеца.