Македонија
13. April 2020 - 19:19

Пожар после селото Возарци кон Тиквешко Езеро

Пожар избувна попладнево после  селото Возарци кон Тиквешко Езеро.

Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци велат за МИА  дека горат нискостеблеста шума и трева. Веќе два часа огнот го гаснат осум пожарникари,  два тима со по четири пожарникари и две возила. Апелираат до населението за внимателност, се со цел превентивно да се влијае и да нема појава на пожари.