Македонија
18. January 2018 - 10:55

Пожар пеплоса три куќи во Ресен, три семејства останаа без покрив над главата

Вчера во 11.20 часот на ул. „11-ти Септември“ во Ресен настанал пожар во куќите сопственост на М.Д. (51), на В.А. (43) и на Н.З., при што билe опожарени покривните конструкции, собите и покуќнината, а при гаснење на пожарот било направено оштетување на дел од ѕидовите и покуќнината.
 
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен.
 
Пожарот најверојатно настанал на покривот, односно на оџакот од куќата на М.Д..