Македонија
20. October 2017 - 16:04

Пожар пеплоса три куќи во Маџари - Семејствата молат за помош

Две семејства останаа без покрив над глава по синоќешниот пожар кој избувна во населба Маџари. Невниманието на соседот кој го потпалувал својот шпорет на дрва, предизвикало пожар кој за неколку минути се проширил и ги запалил и соседните две куќи. Во моментот станарите биле во своите домови кога одеднаш слушнале пукотници но  веќе било доцна. Едвај успеале да се спасат од пламените јазици кои  буквално им биле зад петици. 70 годишната Даница Таневска раскажува како за влакно го спасила својот неподвижен сопруг да не изгори во пожарот.

Во лоша здравствена состојба без покрив со привремен престој кај својот оженет син , бараат помош. Огнот им ги пеплосал и лекарствата кои ги земаат како редовна терапија.

Пожарот прв го забележал внукот на Даница кој студира стоматологија но е од Гевгелија и  престојувал кај своите баба и дедо. Во пресрет на колоквиумската недела пламената стихија му ги изгоре и книгите од кој учел.

И роднините од соседната опожарена куќа, денеска во солзи и очај пребаруваа помеѓу остатоците за да најдат нешто од  најосновните документи и предмети. Куќата успеале да  ја изреновираат пред неколку месеци  во делот на инсталација, покривот одвојувајќи од скромната пензија која ја зема само таткото на Славица која пред камерата на Сител раскажува за кобната ноќ. Целиот труд кој го вложиле во куќите  изминатите 40 години пожарот ги пеплоса .

Роднини и соседи им помагаа на семејствата да го расчистат она што пожарот го остави зад себе, но куќите не може да се живее. Дел од гредите кои останале на кровот се срушија пред нас. Утрово пристигна првата помош во храна и хигиенски средства од Црвениот крст. Но семејствата бараат и финансиски средства од секој кој може да помогне. Сечија помош е добредојдена а сите оние кои сакаат да помогнат можат да го исконтактираат семејството Таневски .

078 225 833 Славица

077791664 Горан Таневски