Македонија
21. December 2018 - 14:58

Пожар пеплоса авотомобил во кумановско Романовце

Автомобил „пежи 306“ целосно изгоре во кумановското село Романовце.

Од Територијалната противпожарна единица, потврдија дека учествувале во гасњето на пожарот на автомобилот. Оттаму информираа дека кај нив  дојавата стигнала петнаесетина минути пред полноќ.

Во моментот кога пожарникарите се приближиле експлодирала плинска боца. Пожарникарите само успеале да го локализираат пожарот на автомобилот кој целосно изгорел.

Од СВР Куманово, потврдија дека кај нив случајот е пријавен како пожар.