Македонија
8. January 2023 - 21:05

Пожар над планинарскиот дом „Караџица“

Пожар над планинарскиот дом „Караџица“ пред с. Алдинци од лева страна во правец на Црвена Вода, информира Центарот за управување со кризи.

- Регионалниот ЦУК Скопје, извести за пријавен пожар на отворен простор околу 16:30 часот над планинарскиот дом „Караџица“ пред с. Алдинци од лева страна во правец на Црвена Вода. Веднаш се известени ЈП „Караџица“ и полициска станица ПС Драчево, за следење на пожарот, а по потреба и интервенција доколку условите на терен се пристапни, пишуваат од ЦУК на Фејсбук.