Македонија
23. May 2018 - 11:24

Пожар на улица Македонија

Голем пожар настанал на улица Македонија во Скопје. Како што информираат од МВР, синоќа во 20:05 часот во Скопје на улица „Македонија“ во стан сопственост на Д.А. (91), настанал пожар, во кој е зафатена спалната соба и причинета е само материјална штета, додека повредени лица нема.

Во 22.30 часот пожарот е целосно изгаснат од Противпожарна екипа. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.