Балкан
26. October 2016 - 11:19

Пожар на грчкиот остров Сирос

На грчкиот остров Сирос вчера доцна попладне избувна пожар, кој моментално е делумно локализиран пред да се прошири кон населени места.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, локалните власти соопштија дека две противпожарни возила и два камиони со резервоари за вода се уште работат во областа на Агиа Марина, во јужниот дел на островот.