Македонија
9. November 2017 - 9:50

Пожар на Градежниот факултет во Скопје

Пожар претпладнево избувна во зградата на Градежниот факултет во Скопје. Единици на Територијалната противпожарна единици на Град Скопје се уште го гаснат пожарот.

Пожар Градежен

Командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски за МИА изјави дека огнот зафатил три простории на вториот кат од Градежниот факултет. 

Засега не се знаат причините за избувнување на пожарот.