Македонија
12. August 2021 - 10:24

Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово

Гори депонијата „Краста“ во Куманово, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово.

– Екипите се на терен, се гаси пламенот, а на терен се и екипи од „Чистота и Зеленило“ кои помагаат, изјави командирот Дејан Илиевски.

Пожарникарите вчера интервенирале на неколку пожари во урбана средина, на пожар во кој била зафатена кровна конструкција во населбата „Гоце Делчев“, опожарен бил и стан во истата населба.

Двата пожари се изгаснати. Вчера горела и сува трева и бали во селата Долно Јачинце и „Амбар Маало“. Во Пчиња било опожарено ѓубре, а пожар мало и кај „Стари Лозја“.

Сите пожари и во урбаната и руралните средини се изгаснати.