Свет
30. August 2020 - 18:52

Пожар на брод со мигранти во Италија, четворица загинати

Најмалку четворица мигранти загинаа, а седум се повредени кога избувнал пожар на нивниот брод крај јужниот брег на Италија, пренесоа италијанските медиуми.

Кротонската полиција соопшти дека повредени се и двајца полицајци, кои се обиделе да им помогнат на мигрантите.

Италијанската државна телевизија РАИ Њуз 24 објави дека е потврдено дека четворица мигранти загинале, но дека засега не е јасно дали настрадале во пожарот или се удавиле во морето.

По пожарот предизвикан од експлозија, се кренал црн чад, што можеле да го видат и туристите на плажата во близина на Кротоне, пристанишен град во регионот Калабрија, јужна Италија.

Новинската агенција Прес наведува дека на бродот имало околу 20 мигранти.