Свет
17. August 2016 - 18:21

Пожар на брод, евакуирани 500 патници

Повеќе од 500 патници се евакуирани од брод што пловел меѓу Порторико и Доминиканска Република откако на крузерот изби пожар, соопшти полицијата.

Полицијата наведува дека чадот на бродот „Карабијан фантази“ бил забележан додека пловел во близина на северниот брег Порторико.

Бродот безбедно пристигна во Порторико.