Македонија
19. April 2017 - 14:28

Пожар кај терминалот „Фершпед“, повредено едно лице и опожарени две возила

Пожар избувнал утринава кај терминалот на Фершпед кај стариот автопазар во Скопје. Опожарена била кровната конструкција на куќичка која вработените ја користеле како соблекувална, а со изгореници од втор степен се здобил еден од вработените.    

Повредениот Ќ.Ш. (54) е пренесен на Клиниката за пластичка хирургија. 

Во пожарот опожарени биле и товарно возило „форд“ и патничко возило „рено“, сопственост на фирмата „Алпик Дооел“. 

Случајот бил пријавен во ЕИК Скопје утринава во 06:45 часот. 

Полицијата денеска соопшти дека пожарот најверојатно бил предизвикан од неисправна инсталација. Дел од вработените додека се пресоблекувале слушнале експлозија во помошната просторија, каде чувале косилки и бензин.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.